Николас Кејџ тајно се оженил по петти пат во Лас Вегас
САД- Оскаровецот Николас Кејџ уште еднаш е оженет човек! Актерот се венча со девојката Рико Шибата во Лас Вегас на 16 февруари, потврди „Пипл“.
„Вистина е, и ние сме многу среќни“, изјавил 57-годишниот Кејџ .
Венчавката била „многу мала и интимна венчавка во хотелот Вин во Лас Вегас“, според претставник за Кејџ.
Церемонијата се одржа на 16 февруари „во чест на роденденот на покојниот татко на младоженецот“.
Шибата, во рачно изработено јапонско свадбено Кимоно од Кјото, и Кејџ, во смокинг од Том Форд, ги размениле традиционалните католички и шинтовски завети со поезија од Волт Витман и Хаику.

После венчавката, среќната двојка присуствувала на мала прослава со поранешната сопруга на Кејџ, Алис Ким – со која останува многу добра пријателка – и нивниот син Кал-Ел (15).
Двојката се запозна во Шига, Јапонија, пред повеќе од една година.
Пред нивната венчавка, за која првпат објави Дејли Мејл, младенците беа фотографирани за прв пат заедно во февруари 2020 година, додека беа во посета на гробот во форма на пирамида на Кејџ, на гробиштата во Њу Орлеанс. (Кејџ ја купи назад својата гробница во 2010 година за неговиот иден погреб.)
Една недела по посетата, парот беше фотографиран како се држат за раце додека го посетија Американскиот музеј на природна историја во Њујорк.
Ова е петти брак на Кејџ по неговото јавно разделување со Ерика Куки по четиридневниот брак во март 2019 година, кој се одржа во Лас Вегас. Тој доби развод два месеци подоцна.
Актерот претходно беше во брак со Патриша Аркет од 1995 до 2001 година, со Лиза Мари Присли од 2002 до 2004 година и со Ким од 2004 до 2016 година.
Покрај Кал-Ел, Кејџ има и син, Вестон (30) од неговата врска со актерката Кристина Фултон.