Николас Кејџ како Дракула – објавен првиот трејлер за долгоочекуваниот „Ренфилд“


Конечно е објавен трејлерот во којшто можеме да го видиме Николас Кејџ во долгоочекуваната улога на вампирот Дракула во претстојната хорор-комедија „Ренфилд“.

Кејџ во филмот глуми препотентен шеф на својот долгогодишен помошник Ренфилд којшто треба да излезе од токсична врска, како што објаснува во групата за поддршка на почетокот на трејлерот.

За среќа на Ренфилд, тој наоѓа нов живот,а можеби дури и искупување кога ќе се заљуби во вечно лутата сообраќајна полицајка Ребека Квинс.

Режијата на филмот ја потпишува Крис Мекеј („The Lego Batman Movie“), а Рајан Ридли („Rick and Morty“) го напишала сценариото според оригиналната приказна на Роберт Киркман („The Walking Dead)“.

Актерската постава ја заокружуваат Бен Шварц, Адриан Мартинез, Шохрех Агдашлу и Бен Роус.

Додека минатата година говорел за „Лос Анџелес тајмс“ за својата улога во филмот, Кејџ изјавил дека бил инспириран од претходни портрети на Дракула.

Тој претходно глумше вампир во „Бакнежот на вампирот“ од 1989 година, а во 2012 година бил принуден да ги демантира гласините дека и самиот тој е тоа.

Во наредниот период Кејџ би требало да игра главна улога и во новата комедија „Dream Scenario“ која ја објавува „A24“.