Никол Шерцингер се сврши со рагбистот Том Еванс


Никол Шерцингер, пејачка, актерка и поранешна членка на популарната група „Пусикет долс“, ја изненади јавноста објавувајќи ја својата венчавка на една од најубавите плажи во светот. Среќната вест пристигна додека Шерцингер уживала на својот одмор во Португалија.

Познатата пејачка се сврши со својот долгогодишен партнер Том Еванс, шкотски рагбист. Во врска се од 2019 година. 

Никол се прослави со своите силни вокални способности и актерски талент. Сепак, и покрај тоа што важеше за една од најубавите жени на светот, таа немаше многу среќа во љубовта. Меѓутоа, сега конечно го пронајде вистинскиот маж.

Извори блиски до пејачката открија дека нејзиниот партнер долго време ја планирал оваа романтична свршувачка и дека одлично го креирал овој посебен момент. Парот уживаше во релаксиран ден на плажа, каде што се сончаа, шетаа покрај брегот и му се препуштија на чувството на љубов и среќа.