Никол Кидман е шефица во канцеларија во новата кампања на Баленсијага
САД– Balenciaga штотуку ја претстави својата кампања за пролет 2023 година, истакнувајќи ја линијата Garde-Robe со оскаровката Никол Кидман како свое најново лице, по нејзиното појавување на ревијата на брендот за Модната недела во Париз.
Обележувајќи нова ера во понудата за реди ту веар мода на Balenciaga, кампањата ги слави базните парчиња, нудејќи повнимателен поглед на луксузните волнени костуми , со акценти на свила, габардин и тексас. Во кампањата глуми Кидман заедно со актерите Изабел Ипер, Хан Со Хи заедно со моделите Бела Хадид и Кадим Сок.

Сместена во канцелариски простор на Менхетен, кампањата Garde-Robe покажува дека актерската екипа ги прифаќа ставовите на стереотипните деловни луѓе, претставувајќи здодевност, стрес, прекумерна самодоверба и уживање. Опкружени со секојдневни работни реквизити, Хадид и Кидман се прикажани среде низа фиксни телефони, десктоп компјутери, купишта хартија и картонски кутии.
На една фотографија, Кидман е тотално во црно, со долго палто од крокодилска кожа, хулахопки и шпицести потпетици, додека соодветна чанта седи на бирото зад неа. Повторно со црвена коса, актерката позира на работ од бирото со скрстени нозе.

Новата линија на производи за гардероба на брендот Garde-Robe, која ќе биде лансирана во декември, рекламите ги сними фоторепортерот Џошуа Брајт, кој првенствено работи за Њујорк Тајмс , но и за Гардијан, Вашингтон пост, Вог и National Geographic.

Придружните видеа ги направи Рози Маркс, фотографка од Лондон која снимала кампањи за Ботега Венета, Мартин Роуз, Гани и Марк Џејкобс.
