„Нијагара“- Тамара Тодевска со новата песна прозборе за радоста и тагата
Нејзината нова песна „Нијагара“, која излегува денеска, ја посветува на сите луѓе што во одреден момент се почувствувале ранливо и разочарано. Иако е многу емотивна личност и животот ѝ се промени откако минатата година се разведе од сопругот, Тамара Тодевска вели дека кај неа воопшто не е сѐ така црно. И додека наголемо се подготвува да промовира нови песни на регионалниот пазар, најважни ѝ се локалните, домашните случувања – доброто на нејзините деца, Хана и Дарен, за кои со нивниот татко, Александар Димитровски – Мачка, заеднички се грижат.
За првпат во јавноста, поп-ѕвездата зборува за разводот и за тоа колку ѝ била болна и стресна разделбата со Мачка, како и за своето сегашно секојдневие со децата. Важна фигура во нејзиниот живот е сестра ѝ Тијана, а хероина за неа е Лила Стојановска, на која ѝ даде голема поддршка откако објави за нејзината борба со ракот на дојка.