Ни во четири обиди Уставен суд не избра претседател

Уставен суд е длабоко поделен околу прашањето кој треба да ја наследи Добрила Кацарска како претседател. Денеска пропаднаа четири обиди за да се изборот на претседател на Судот – два во претпладневните гласања, два во попладневните.
Има двајца кандидати: Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. За да се избере претседател на судот е потребно двотретинско мнозинство, односно еден кандидат да има шест гласови од вкупно девет уставни судии. Според информациите, ниту едната од кандидатките не сакала да се повлече.
Васиќ-Бозачиева во сите четири изјаснувања добила пет гласа, додека Павловска-Данева четири.
„Согласно Деловникот постапката за избор се повторува сѐ додека не се избере претседател на Уставен суд“, велат од судот.
Според информациите од судот гласањето продолжува утре во 10 часот. Мандатот на актуелната претседателка Добрила Кацарска истекува на 2 јуни.