„New Era“- концертната промоција на албумот на Никола Мицевски на 9 декември во Битола


 

На 9 декември, во Центарот за култура, во Битола ќе се одржи концертна промоција на композиторот Никола  Мицевски,  – „NEW ERA”, во организација на Авалон Продукција.

По првиот концерт во родната Битола, ќе следат и други концерти низ Македонија. 

Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.

Никола Мицевски, заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд од околу 15 академски музичари спремаат едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика!

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (16ти ноември) онлајн на www.avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон во Македонија.

Мицевски е автор на сите десет песни од албумот на Каролина Гочева, „Извор“, и автор на сите хитови од претходниот нејзин албум „Македонско девојче 2“. Композиторот и музичар Никола Мицевски е заслужен за успешната обработка во новите аранжмани на песните на „Некст тајм“, „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“. Искусен и во областа на класичната и поп-музика, паралелно работи и на проекти и со групите „Етносфера“ и „Фонтана“.