Невреме во Франција: Три лица го загубија животот, две се водат како исчезнати


Три лица го загубија животот, а две се водат како исчезнати во невремето што денеска го погоди департманот Вар на југоистокот на Франција, соопштија официјални претставници.

Најлошо погодени во невремето се Лаванда, Борм-ле-Минос и Кавалиер, објави веб-страницата на Франсблу.

Три лица ги загубија животите во Лаванду и Видобан, соопшти жандармеријата, објави телевизиската станица БфмТВ.

Невремето траеше кратко, но беше исклучително силно, а во Вар е на сила портокалов метео аларм.

Како што се наведува, за едно утро паднаа количина дожд што паѓа за три или четири месеци.

Реката Мол се излеа по обилните врнежи од дожд, а нејзиното ниво се искачи за повеќе од 11 метри за само два часа.

Околу 200 пожарникари се ангажирани во спасувачки операции и евакуација на загрозеното население. Пожарникарите и спасувачите досега успеаја да пренесат 50 лица на безбедно место, објави префектот на департманот, Филип Мае.