Невреме ги пустоши Велика Британија и Ирска: Снег, мраз, рекордна брзина на ветерот и милиони без струја


Големо невреме ги погоди Велика Британија и Ирска. Снегот, мразот и ветровите со брзина од 160 километри на час предизвикаа сообраќаен хаос додека милиони луѓе се без струја.

Британскиот авиосообраќај е особено во неволја – само вчера беа откажани најмалку 1.070 летови, при што беа погодени 150.000 патници. Најверојатно овие проблеми ќе продолжат и во текот на овој викенд. Жолто временско предупредување за снег и мраз е издадено за делови од северна Шкотска и Северна Ирска. Исто така, издадено е предупредување за временски услови за поголем дел од Англија и Велс.

Невремето не ја поштеди ниту Ирска, каде вчера еден човек загина откако дрво падна врз неговиот автомобил. И во Ирска ветрот е посилен отколку во Велика Британија. Имено, брзината на ветрот изнесувала 183 километри на час, што е рекордна брзина на ветерот во оваа земја. Претходниот рекорд на брзина на ветерот беше во 1945 година, кога беше 181 километар на час.

Невремето предизвика голема штета на електричната мрежа, оставајќи милиони луѓе ширум Велика Британија и Ирска без електрична енергија, пишува весникот Independent.