Невиден обид за грабеж на автопат во Италија: Експлозии, пукање, запалени автомобили


 

„Терор на автопатот А1 во Италија“, „Модена, автопатот А1 од пеколот“, се само некои од насловите на италијанските медиуми по грабежот на блиндирано возило недалеку од Модена.

Се работи за главниот италијански автопат А1, кој ги поврзува Милано и Неапол. Нападот се случил во насока на болоња, а автопатот бил во блокада од понеделникот навечер до денска наутро. Затворен бил во еден правец седум часа.

Експлозии, чадни бомби, пукање од калашников

Разбојници, за кои италијанскитемедиуми пишуваат дека припаѓаат на мафијата, го посеале патот со шилци и така ги дупнале гумите и оневозможиле движење на автомовилите. Излегле од своите возила и со калашникови во рацете натерале некои возачи да ги напуштат своите возила.

Набрзо се чуле три експлозии, наведуваат сведоци. Разбојниците дигнале во воздух автомобили, за кои се покажало дека се украдени, а со нив стигнале на автопатот, за да ги прикријат трагите. Пукале во воздух за да ги заплашат другите.

Запалиле ладни бомби за да направат бариера меѓу себе и евентуална полициска потера, а потоа натерале двајца возачи на камиони да го препречат патот и дополнително да го затворат пристапот до местото на грабежот.

Сведоците шокирани, напаѓачите во бегство

„Се плашев дека ќе умрам, видов луѓе со автомати како нагрнуваат на луѓето“, сведочи едно лице за Република. Други сведоци за Квотидиано Национале, ситуацијата ја опишуваат како див запад и крај на светот.„Ова беше како на филм, бевме исплашени“, сведочат други за Кориере ди Болоња. Друг сведочи дека бил шокиран и дека било како на филм.

На крај, нема повредени меѓу цивилите, а обезбедувањето што го возеле ограбеното блиндирано возило се пуштени од болница со мали повреди.

Италијанските медиуми шпекулираат дека во блиндираното возило имало сеф со две милиони евра, но ограбувачите не успеале да го отворат.

Сега се во бегство, а полицијата тврди дека не успеале да го земат пленот, но успеале да ја разбијат врата на блиндираното возило. Тука сопрел грабежот. Брзо потоа избегале, а поливијата се сомнева дека заминале за Болоња.