Нетанјаху назначи близок сојузник за министер за правда


Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху го назначи Амир Охана за министер за правда.

Охана е близок сојузник на Нетанјаху од неговата конзервативна партија Ликуд и е прв деклариран геј во израелската Влада.

Нетанјаху во моментов ја предводи привремената Влада по минатонеделното распуштање на Парламентот, пред изборите кои ќе се одржат на 17 септември.

После гласањето на 9 април, Нетанјаху не успеа да формира владејачка коалиција, а ќе се соочи и со сослушување поради обвиненија за корупција и можно обвинение.

За сега не е јасно дали назначувањето на Охана може да има влијание врз случаите против премиерот.

Нетанјаху наводно веќе побарал од врховниот обвинител по вторпат да го одложи сослушувањето поради новите избори.

Првобитно беше предвидено сослушувањето да се одржи на 10 јули.