Непалец ги искачи сите 14 највисоки врвови за шест месеци


Катманду – Еден 36-годишен Непалец стана најбрзиот алпинист што ги искачи 14-те највисоки планини во светот во вторникот за нешто повеќе од шест месеци, соопшти неговата агенција, подвиг за кој на другите алпинисти им се потребни неколку години.
Нирмал Пурџа го освои врвот Шишапангма на 8.027 метри во Тибет, шест месеци и една недела откако го искачи Анапурна I, започнувајќи го својот „Можен проект“.
Мингма Шерпа од агенцијата која обезбеди логистика за тимот на Пурџа, рече дека тој бил придружуван од тројца шерпаси на врвот Шишапангма.


„Мисијата е исполнета“, објави Пурџа на својот Инстаграм од врвот во Тибет, 14-та највисока планина во светот.
Официјален претставник на агенцијата Шерпа изјави дека тие се на пат кон базата и се очекува да се вратат во Катманду оваа недела. „Ова е светски рекорд“, рече тој.
Откако се искачи на Анапурна, десеттиот највисок врв, на 23 април, Пурџа ги освои останатите „8000“, искачувајќи се на Даулагири, Канченџунга, Еверест, Лоце и Макалу во следниот месец.
Потоа отиде во Пакистан, каде што ги искачи Нанга Парбат, Гашербрум I, Гашербрум II, К2 и Широкиот врв.
Пурџа се искачи на уште две врвови во Непал – Чо Оју и Манаслу пред да замине за Тибет, соопштија официјалните лица за искачување.
Од 14-те највисоки врвови во светот, осум има во Непал, пет во Пакистан и една во Тибет.


Експертите за искачување велат дека само над триесетина планинари ги искачиле сите 14 врвови досега.
Рекордот за најбрзо искачување претходно го имаше Јужнокореецот Ким Чанг-хо кој ги освои сите „8000“ за седум години, 10 месеци и шест дена, рече блогерот Алан Арнет.
Пурџа, кој служеше во британските специјални сили како Горка од Непал, во мај направи фотографија на која се прикажани голем број алпинисти во редица на врвот на сртот на Монт Еверест, кој го прикажа метежот во таканаречената смртна зона на највисоката планина во светот.
Таа фотографија ја натера владата на Непал да подготви нов пакет правила за искачување, чија цел е да се намали толпата на Еверест, по критиките на алпинистите кои рекоа дека ја нарушува безбедноста и му издава дозволи на секој што платил 11.000 американски долари. (Ројтерс)