Необичните згради на Ротердам (фото)


Градот Ротердам во холандија, може да се пофали со десетици необични згради, за кои не знаете како се направени, но го одземаат здивот. Ви донесуваме некои од нив:

Марктхал


Марктхал во Ротердам е бизнис и станбен комплекс во центарот на градот. Има повеќе од 200 станови и четири ката гаражи со капацитет за повеќе од 1.000 автомобили. Но, зошто оваа зграда е толку посебна? Пред сѐ, фасадата е потполно направена од стакло додека внатрешноста е прекриена со илустрации на површина од 11.000 метри квадратни кои ги насликал Арно Коенен. Уметничкото дело се состои од живописен спој на флората и фауната, а направено е со помош на 3D дигитална технологија, а Марктхал е меѓу првите згради за која е користена 3D техниката. Некои ја нарекоа и „модерна Сикстинка капела“.

Централната станица

Ако одите со возот во Ротердам, вашето прво архитектонско искуство ќе биде железничката станица – Ротедам централ..

Изградена е помеѓу 2008 и 2014 година. Централната станица Ротердам е засебна архитектонска атракција. Покривот од нерѓосувачки челик на јужниот влез покажува кон центарот на градот, иако неговиот северен влез има многу поскромна, правоаголна фасада.

Куќи од коцки
Ќе ги препознаете куќичките од коцки кога ќе ги видите!

Архитектот Пит Блом ги дизајнираше светло жолтите Куќи од коцки помеѓу 1982 и 1984 година. Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за архитектот, постои музеј во Хенџело.

Куќите „Куб“ имаат 38 резиденции, секоја дизајнирана со три ката. Првиот кат е простор за живеење со кујна и дневна соба; вториот има спална соба и бања, а третиот може да се смета за приватен простор за живеење или релаксација.

Молив

Кога ќе завршите со гледање на коцките, свртете се за да ја видите зградата со молив. Официјално наречена Blaaktoren, зградата со молив беше исто така дизајнирана од Блом и завршена во 1984 година.

Де Ротердам


Дизајниран од Рем Кулхас и неговата фирма за архитектура ОМА, Де Ротердам беше завршен во 2013 година. На висина од скоро 150 метри, наредените правоаголници изгледаат различно во зависност од аголот.

И, слично како и другите згради на оваа листа, во Де Ротердам се сместени станови, канцеларии, ресторани, па дури и хотел. ОМА сакаше Де Ротердам да биде како вертикален град – зграда која може да ја задоволи секоја секојдневна потреба и истовремено да ја охрабрува врската меѓу граѓаните.

Во продолжение, погледнете уште неколку необични градби во овој град: