Нема вода во населбата Водно
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата „Тодор Александров“ бб, денеска од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците „Тодор Александров“, „Партениј Зографски“ и „Периша Савелиќ“ во населбата Водно (Општина Центар).