Нема спас: Робот-пајак влече непрописно паркирани автомобили од речиси невозможни места
Не е важно колку возачите мислат дека се заштитени од класичните пајак возила, бидејќи во Велика Британија постои робот кој ќе ја заврши работата дури и во речиси невозможна ситуација.
Роботите пајаци кои креваат непрописно паркирани возила предизвикаа загриженост кај граѓаните во Велика Британија.
На видео објавено на Инстаграм, робот без екипаж е прикажан како крева Volvo XC60 од паркинг простор за лица со посебни потреби. Глетката на робот за влечење со гасеници кој вади тежок теренец од паркинг простор е, барем за возачите, вознемирувачка.
Роботот и припаѓа на британската компанија за влечење Recovery North West. Специјализирана е за влечење заглавена тешка опрема и извлекување на непрописно паркирани возила. Веб-страницата на компанијата содржи фотогалерија со споменатиот робот во различни акции за отстранување на непрописно паркирани возила.
View this post on Instagram
Роботот наречен Easttract е создаден од француската компанија Multitract. Дизајниран е за влечење на тесни простори како што се подземни паркинзи или тесни улички. Придвижуван од мотор со 35 коњски сили, може да влече до 2,5 тони и се контролира со далечински управувач. Иако постои од 2012 година, порталот The Drive пишува дека ова е прво видео со овој робот во акција.