Нема седење и пиење кафе со попишувачите
Обемната статистичка операција треба да започне на 5 септември и да трае до крајот на месецот. Се очекува со пописот да се види точната бројка на граѓани. После две декади ќе дознаеме и каков е составот на населението по возраст, образование, миграциски, ќе имаме информации и за економските карактеристики, државјанство, вера, мајчин јазик, но и кои се главните извори на приход на граѓаните, во какви станови и куќи живеат.
На прашањето што треба граѓаните да знаат кога ќе дојде попишувач на нивната врата, Симовски вели: само добра волја, документ за идентификација и пет минути од своето време.
– Граѓаните пред се, треба да се идентификуваат со документ на кој ќе биде впишан матичниот број, (лична карта, пасош, возачка дозвола инт.), а потоа да одговорат на прашањата на попишувачот. Ништо повеќе од тоа. Наша работа е по завршувањето на пописот, да ги провериме информаците (идентитетот на лицето, дали дало лажно информации) со базите на податоци . Ако семејството соработува, попишувачот нема да се задржи повеќе од 15 до 20 минути, односно за да се попише едно лице, ќе бидат потребни само пет минути. Нема седење и пиење на кафе, поради ковид протоколите, вели Симовски.
Денеска завршува јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис кој неколку пати беше продолжуван поради недоволен број пријавени кандидати.Пописот, како што е најавено, ќе се спроведува според здравствените протоколи издадени од Комисијата за заразни болести, а кои предвидуваат целосна заштита и на граѓаните и на попишувачите. Заради дополнителна здравствена заштита секој жител ќе има право да се попише надвор, во двор ако живее во куќа, или пред зграда или на тераса доколку живее во стан. Ако граѓанинот се одлучи попишувачите да ги прими во домот тогаш е можно само еден од нив да влезе за да се избегне гужва. Протоколите за заштита предвидуваат носење заштитна опрема, држење растојание и забрануваат послужување храна и пијалак, во смисла кафе, чај или нешто друго од страна на домаќините.