Нема надеж за екипажот на исчезнатата подморница

Индонезиските пребарувачки екипи пред брегот на Бали откриле делови кои веројатно припаѓаат на воената подморница, по која се трага од средата. Се смета дека таа потонала.
-Сметаме дека воената подморница КРИ Нагала-402 потонала, изјави високиот воен претставник на авијацијата, Хади Тјахјанто денеска, со што исчезнуваат надежите да се пронајдат преживеани членови на екипажот.
Меѓу пронајдените објекти спаѓа шише со средство за подмачкување на перископот и дел од торпедо. „Предметите кои ги пронајдовме во близина на последно познатата локација на подморницата, се смета дека се нејзини делови. Деловите никогаш не би успеале да испливаат без притисок од подморницата на површина“, изјави офицерот.
Екипажот на подморницата од германско производство го сочинуваа 53 лица, се претпоставуваше дека таа се наоѓа во водата пред северниот дел од островот Бали. По исчезнувањето на подморницата, експертите прогнозираа дека посадата ќе има доволно кислород само до денешните утрински часови.
Карта каде се одвива потрагата по подморницата
Во потрагата денеска беа вклучени и австралиската фрегата ХМАС Баларт, како и американски специјален авион Посејдон П-8, опремен за детектирање на подморници, а во текот на денов се очекуваше пристигање и на брод од сингапурската морнарица, како и бродови од Малезија и Индија.
Со 60 метри долгата подморницабеше загубен контакт во средата рано утрото додека таа била на вежба, во моментот се наоѓала околу 95 километри источно од Бали. Морнарицата претпоставуваше дека подморницата се наоѓала на длабочина од 600 до 700 метри под водата, но таа била конструирана за пловење во длабочини од 250 до 500 метри.