Нема кој да оперира на Кардиохирургија – лекари од Словенија ќе доаѓаат во Скопје


Клиниката за кардиохирургија во Скопје е во тешка состојба поради недостиг на стручен кадар и во моментов е „многу лимитирана“ со операции, потврди министерот за здравство Азир Алиу.

„Денеска имав состанок со директорот и колеги од Кардиохирургија. Недостасуваат стручни лица, не само во Кардиохирургија, туку во поголем дел клиники во Скопје,“ изјави тој, додавајќи дека клиниката е „многу лимитирана во моментов за операции“.

Алиу најави иницирање билатерален договор со Словенија, според кој нивни доктори би доаѓале во Македонија на период од три до шест месеци, додека македонски лекари би оделе таму на обука и размена на знаења.