Нема хидранти во тетовските училишта – директорите се жалат дека немаат пари

Општинскиот инспекторат во Тетово констатирал дека нема противпожарни хидранти во неколку училишта. Засега нема преземени чекори за надминување на состојбата, а училиштата сè уште не го добиле извештајот. Директорите се жалат и на недостиг на пари.
„Не добивме официјален извештај што забележале и што недостига, но во разговор со нив ги увидовме недостатоците и почнавме со работа. Имаме недостаток во моделот на хидрантите и можеме сами да го решиме, па затоа ја започнавме процедурата за замена на опремата внатре во хидрантите“, вели Јетон Камбери, вели директор на училиште за ТВ21.
„Ги сервисиравме противпожарните апарати бидејќи им беше истечен рокот. Проблемот не беше кај нас, туку фирмата што ги сервисираше го смени телефонскиот број, но ние ги сервисиравме, а што се однесува до хидрантите, тие одамна не функционираат. Немаме буџет за санирање на хидрантите и знаеме во каква состојба се, но сега сме во контакт со општината и инспекторатот и ќе одвојат средства за нивно санирање“, информира друг директор Имберја Адеми.
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами пред неколку дена изјави дека општината ќе им помогне на училиштата и општинските организации.
„Во институциите кои се во надлежност на општина Тетово, како што се училиштата но и општинските претпријатија каде што ќе се појави проблем со недостиг на средства од сопствениот буџет, ние како општина сме подготвени да придонесеме и да им помогнеме на овие институции“, вели Биљал Касами.
По трагедијата во Кочани, низ цела држава се започна со вонредни инспекциски надзори. Во Тетово само четири училишта биле соодветно опремени со противпожарни системи.