„Некст тајм“ со концерт во Скопје на 17 декември
На 17 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, голем солистички концерт ќе одржи македонскиот музички бренд – „Некст Тајм“.
Тие ќе бидат придружувани од нивниот бенд, на чело со композиторот и музичар – Николче Мицевски, со кои ќе го презентираат нивното музичко творештво, како и материјалот од нивниот последен албум „Мајка“.
Во живо и на голема бина ќе ги отпеат нивните најголеми хитови како што се: „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам Бабо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Кога падна на пирина“ и уште многу други.
Специјален гостин на концертот ќе биде Влатко Лозаноски – Лозано.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на MkTickets, како и во повеќето градови во Македонија.