Неколку делa од Скопје денеска се без струја


Фото: Б. Грданоски

Од ЕВН Македонија АД  известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.30 до 12.00 часот, корисниците од улиците број 10, 40, 42, 44 и 46 во населба Кисела Јабука. ( општина Ѓорче Петров )

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Јуриј Гагарин бр.17.( општина Карпош )

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Архиепископ Доситеј, корисниците лоцирани околу фабриката Карпош, објектот на КАМ маркет, како и зградите кај Александрија. ( општина Ѓорче Петров )

– во периодот од 10.30 до 11.30 часот, дел од корисниците од ул. Леринска. ( општина Карпош )