Не фрлајте го бајатиот леб, направете фантастичен ручек


Искористете го бајатиот леб на одличен начин и направете ручек кој ќе го сака целото семејство.

Денес за ручек ви предлагаме да направите нешто сосема поинакво, а тоа е леб полнет со мелено месо. Заменете го зеленчукот, како што се тиквичките или пиперките, со бајат леб и направете супер јадење кое сите ќе го бараат да се повтори. Интересен начин да ги комбинирате омилените намирници, но и да не ја трошите храната залудно.

Состојки:

– 1 багет
– 300 гр мелено месо
– 1 кромид
– 3 јајца
– 150 мл млеко
– 70 гр тврдо сирење
– 1 китка магдонос
– 1 лажичка црвен пипер

 

Подготовка:
Меленото месо зачинете го со сол, бибер, посипете со слаткиот црвен пипер, а потоа додадете ситно сечкан кромид и магдонос. Сè добро соединете. Багетот се сече на парчиња со дебелина од околу 4-5 см и се редат во тавче подмачкано со масло. Направете вдлабнатина со чаша за ракија и наполнете со мелено месо. Јајцата се матат со млеко и се прелеваат со садот. Се пече во рерна на 180°C околу 25-30 минути. Потоа посипете со рендано сирење и вратете во рерна уште 5 минути.