Не фрлајте ги лушпите од јајцата! Еве како може да ги искористите
Лушпите од јајца речиси секогаш завршуваат во ѓубре, но не ни сфаќате каква грешка правите ако ги фрлите.
Лушпите од јајцата содржат дури 90 проценти калциум – минерал кој ги зачувува нашите коски и придонесува за целокупното здравје. Не постои храна која содржи толку калциум колку што ни е потребно.
Се разбира, навистина нема да ги грицкаме, но постојат различни начини на кои можеме да ги користиме.
Постојат бројни истражувања на американскиот „Национален институт за здравје“ за мелените лушпи од јајце во прав, а резултатите се одлични. Имено, прашокот од лушпи од јајце има бројни позитивни ефекти врз организмот.
Домашно средство за чистење
Сувите лушпи сомелете ги во блендер додека не добиете фин прав. Измешајте го со сода бикарбона во сооднос 1:3, потоа додадете вода или оцет и со оваа смеса можете да исчистите изгорени тави или тенџериња, бигор на големи чаши и други „тврдоглави“ наслаги каде обичните детергенти не помагаат.
Лушпи од јајца како ѓубриво за растенијата
Лушпите од јајцата се полни со калциум карбонат кој е добар за растенијата.
Исушете ги лушпите и сомелете ги во прав или што е можно пофини.
Чувајте го прашокот во тегла за да биде секогаш на дофат.
Измешајте ја лушпата во прав со малку почва за саксии и ставете ја онаму каде што е потребно малку ѓубриво.