Научниците согласни: Луѓето кои патуваат изгледаат помлади


Фото: Б. Грданоски

Не е тајна дека патувањето е забавно, но новото истражување покажува дека тоа може да направи луѓето да изгледаат и да се чувствуваат помлади, пренесува Си-ен-ен.

Во новото истражување на Универзитетот Едит Кауан од Австралија, се тврди дека ентропијата, процесот на бавно и неизбежно стареење, може да се забави со патување.

Според неа, многу елементи на патувањето – како запознавање нови луѓе, подобро спиење, нови животни искуства, како и учество во активности како јога или спа третмани, помагаат во борбата против стареењето.

„Туризмот не е само за одмор и рекреација“, вели авторот на студијата Фангли Ху.

„Тоа може да придонесе и за физичкото и менталното здравје на луѓето.“