Научниците открија зошто корона вирусот предизвикува благи симптоми кај децата
Отпорано се знае дека корона вирусот кај децата најчесто предизвикува само благи проблеми, но досега не се знаеше зошто.
Ново истражување покажа дека детскиот имуносен состав подобро е подготвен за напад од корона вирусот отколку имунитетот на возрасните, благодарение на клетките во нивниот горен респираторен тракт кои постојано се во состојба на висока подготвеност. Токму затоа детскиот организам во случај на инфекција успева да го одбие вирусот, односно пред масовно да се мултиплицира.
Тоа веројатно објаснува и поради што е помалку веројатно дека децата тешко ќе заболат од Ковид-19 во споредба со возрасните, напишаа научниците од берлинскиот и хајделбершкиот универитет во магазинот „Нејчр биотехнолоџи“.
„Сакавме да дознаеме зошто одбраната од вирусот очигледно многу подобро функционира кај децата“, вели Ирина Лехман, водач на Одделот за молекуларна биологија при Берлинскиот здравствен институт.
Рецептори на препознавање
Во потрага по одговори научниците зеле клетки од носната слузница на 42 здрави и 44 болни возрасни лица и деца. Потоа, меѓудруогото, ја анализирале активноста на одредени гени во некои келии.
За брза борба со вирусот мора да бидат активни таканаречените рецептори за препорзнавање, кои иницираат одбрана во организмот, објаснија тие.
И токму тој систем во келиите на гориниот репираторен тракт и во некои клетки на имуносниот систем биле „побудни“ кај децата, покажала анализата.
Кај возрасните сосема спротивно, „системот за рано предупредување“, фатен е неподготвен, а во тој случај вирусот се шири побрзо и поделотворно.
„Од оваа студија дознавме дека не постојат само фактори на ризик за Ковид туку и фактори на заштита“, вели Лехман.
Авторите тврдат дека нивните заклучоци може да воспостават пат за нови истражувања за тоа дали научниците превентивно може да симулираат заштитен одговор на корона вирус кај пациенти со висок ризик за да го доведат на ниво какво што имаат децата изложени на вирусот.