Научници: Одложете ја втората доза од вакцината „Фајзер“, доволна е една


 

Научници ги повикаа владите да ја одложат примената на втората доза од вакцината „Фајзер/Бионтек“ против корона вирус затоа што веќе по првата доза се покажува дека нејзината ефикасност е 92,6 отсто.

Канаѓанката Данута Сковровски, епидемиолог и Гастон де Серес, професор на канадскиот медицински факултет на Универзитетот „Лавал“, во студија објавена во магазинот „New England Journal of Medicine“ велат дека нивните заклучоци се темелат на документација која „Фајзер“ ја поднел до Американската агенција за храна и лекови.

И во случај на друга вакцина која се темели на гласничка РНК, како онаа на „Модерна“ утврдено е дека по првата доза ефикасноста е 92,1 отсто, пишувата овие двајца.

Малку дополнителна корист од втората доза

Притоа предупредуваат дека се уште не е познато колку долго трае заштитата која ја пружа една доза од вакцината втемелена на РНК, но истакнуваат дека давање втора доза по еден месец од првата „краткорочно дава малку дополнителна корист“.

„Со оглед на моменталниот недостиг на вакцини, одлагањето на втората доза е прашање на анционална сигурност , кое ако се игнорира, сигурно ќе резултира со илјадници хоспитализации и смрт поради Ковид-19 во текот на зимата во САД“, пишуваат авторите.

„Фајзер“ својата вакцина препорачува да се прима во две дози во растојание од 21 ден и се уште не тестирал други распореди за вакцинација и препорачува дека одлуката за давање само една доза е оставена на здравствените власти.

„Ние во „Фајзер“ веруваме дека здравствените власти мора да испититаа други распореди на вакцинација за да се осигураат дека вакцината ќе даде максимална заштита“, додаваат од компанијата.