Научници: Користиме чиста енергија, ама од фосилните горива не се откажуваме


 Експертите предвидуваат дека глобалните емисии на јаглерод диоксид, кој ја загрева Земјата, ќе се зголемат за уште еден процент и со тоа ќе достигнат нов максимум во 2023 година.

Исто така, се предупредува дека во оваа деценија загадувањето со јаглерод диоксид мора да се намали за речиси 50 проценти за да се постигнат зацртаните светски цели, а тоа се ограничување на глобалното затоплување и избегнување на катастрофално влијание врз климата.

Глен Петерс, директор на Норвешкиот Институт за истражување на климата, ЦИЦЕРО, рече дека глобалните емисии на јаглерод диоксид оваа година требало да се намалат за околу 5 отсто, но се случило спротивното.

 Истражувањето кое Онс го спроведе со своите колеги покажа дека овие емисии продолжуваат да растат, а врз основа на сегашните очекувања, може да очекуваме зголемување на емисиите на јаглерод диоксид меѓу 0,5 и 1,5 отсто оваа година.

„Не е веројатно дека емисиите на јаглерод диоксид ќе паднат во 2023 година“, рече тој за АФП.

Прелиминарните податоци, исто така, покажуваат дека ќе биде многу тешко да се намалат емисиите доволно брзо за да се исполнат целите од Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над вредностите од прединдустрискиот период.

„Секоја година, емисиите на јаглерод диоксид продолжуваат да растат, што го отежнува постигнувањето на целите од Парискиот договор“, рече Петерс.

Конечната анализа ќе биде објавена во декември, кога светските лидери ќе се сретнат на клучните разговори за климата на ОН во Обединетите Арапски Емирати. Главна тема на преговорите ќе биде иднината на фосилните горива, главниот извор на загадување со јаглерод диоксид.

Претходно, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предупреди на негативното влијание на зголемените инвестиции во фосилни горива и „исклучително високите емисии“ за време на економското закрепнување по пандемијата и енергетската криза поттикната од руската инвазија на Украина.

Питерс смета дека чистата енергија треба да ја замени побарувачката за фосилни горива, но „тоа сè уште не се случува во поголем обем, што е разочарувачки“. Питерс додава дека научниците се надевале дека емисиите на јаглерод диоксид ќе го достигнат својот врв во 2015 година и дека ќе се случи пресвртна точка за време на пандемијата на коронавирус.

„Сепак, еве сме во 2022 година, повторно го достигнавме врвот, а во 2023 година очекуваме уште еден“, рече овој научник минатата година.

„Се плашам дека работиме само половина работа, работиме на чиста енергија, но не и на другата половина, која се откажува од фосилните горива“, заклучил тој, а пренесува Јутарњи лист.