Натали Портман се разведува по 11 години брак поради афера на сопругот


Лос Анџелес- Натали Портман и сопругот Бенџамин Милепид наводно се разделиле по 11 години брак. Веста доаѓа откако ѕвездата на Thor: Love and Thunder беше видена без нејзиниот венчален прстен на 11-годишнината од бракот на дуото на 4 август, додека присуствуваше на тениски натпревар во Сиднеј, Австралија.

„Откако се појавија вестите за неговата афера, тие се обидуваа да работат на нивниот брак, но моментално нема излез“, изјави упатен за Us Weekly во понеделникот, 7 август, за актерката (42) и балетанот(46)., кој наводно имал афера со Камил Етјен, 25-годишна активистка. Двојката има две деца, синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6).

Веста за проблеми во нивниот брак се појави во јуни кога Бенџамин беше фотографиран како поминува време со Камил. Во тоа време, оскаровката наводно му простила и била подготвена да работи на обновата на нивниот брак.

„Натали верува дека аферата на Бенџамин била кратка и глупава врска што не му значи ништо“, изјави извор за Us Weekly во тоа време, додавајќи дека таа била „понижена“ од  текстовите по медиумите. Инсајдерот додаде дека ѕвездата била „подготвена да види дали е способна да ја обнови довербата“ во нејзиниот сопруг за нивните деца „да не растат во скршен дом“.

Во јуни, францускиот магазин Voici објави фотографии од Бенџамин и Камил кои влегуваат во неговата канцеларија во Париз одделно на 24 мај и си заминуваат на 10 минути еден од друг два часа подоцна. „На почетокот на март, ѕвездата од сагата „Војна на ѕвездите“ откри дека нејзиниот сопруг има афера со млада жена“, објави магазинот.

Два дена подоцна, Натали и Бенџамин присуствуваа на концертот на Бијонсе во Париз на 26 мај, додека беа сликани како се бакнуваат за време на вечерата на 29 мај.

Двојката се запозна и се вљуби додека го снимале психолошкиот трилер на режисерот Дарен Аронофски, Црниот лебед од 2010 година, за кој таа освоила Оскар. Бенџамин бил кореограф на филмот и ја научил актерката како да танцува. Двојката се венча на 4 август 2012 година, во Калифорнија Биг Сур, 14 месеци по раѓањето на Алеф.

Во јули 2012 година, Натали изјави за француското издание Мадам Фигаро колку и значи нејзиното семејство. „Ништо не е поважно од мојот личен живот“, откри таа. „Тоа е нешто што е на прво место, секогаш има смисла и во споредба со среќата од успешен семеен живот, сè друго е практично површно“.

Натали и Бенџамин повторно работеа заедно на филмот Vox Lux од 2018 година. Тој ја фалеше неговата сопруга во интервју за Us Weekly во октомври 2018 година, велејќи за медиумот: „Нејзината работа беше инспирација. Знаете, таа беше толку поттикната, знаете, во оваа последна година да го направи светот подобро место. Мислам дека е инспиративно. Зборуваме за [и] како вие правите разлика… за мене, тоа е за правење разлика дома. Тоа создава, знаете, помага да се создаде таа заедница, чувство за заедница“.