Натали Портман демантираше дека е бремена
САД- Оскаровката Натали Портман ги критикуваше гласините дека е бремена и ги повика медиумите да „направат нешто поважно“ отколку да шпекулираат за нејзиниот приватен живот.
На почетокот на оваа недела, Пејџ Шест објави сторија со наслов: „Натали Портман излегува навидум со стомаче во Сиднеј“, прикажувајќи фотографии од актерката во Австралија додека го снимаше новиот филм Thor: Love and Thunder. Написот сугерираше дека Портман и нејзиниот сопруг Бенџамин Милпиед може да го очекуваат третото дете заедно (двајцата го делат синот Алеф, 8 и ќерката Амалија, 3) и се шпекулира дека лабавата дуксерка на Портман „крие бременост “.
39-годишната оскаровка вчера, се огласи на Инстаграм за да го демантира написот, истовремено посочувајќи на сексизмот што ги турка шпекулациите за женските тела.
Портман неодамна за време на виртуелна емисија со ѕвездите на Little Fires Everywhere, Кери Вашингтон и Рис Витерспун, коментираше дека женските тела „се исполитизируваат на различни начини“ во однос на тоа како се раскажуваат женските приказни во филмот.
Актерката во голема мерка избра да го чува своето семејство надвор од центарот на вниманието и надвор од социјалните мрежи, граница што секој треба да ја почитува.