Наскоро се отвора најдолгата патека на светот низ крошни од дрвја
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/06/Pateka.jpg)
Од 11 јули ќе биде отворена најфолгата патека на светот во крошните на дрвјата во швајцарските Алпи.
Прошетката која води низ крошните на дрвјата поврзува две села. Лакс Муршчетг и Лакс Дорф. Кога ќе достигнат висина на платформата, посетителите ги чека патека долга 1,56 километри која ги води низ шума.
Погледот на посетителите по целата должина на патот е на ниво на дрвјата, пишува Травел магазин.
Патот низ крошните на дрвјата нуди единствено доживување во природа за целото семејство. Освен самата патека, тука е и спирален тобоган на кој децата најмногу ќе му се израдуваат, како и четири платформи со клпи за седење. Овде посетителите може да одморат и да уживаат во единствениот поглед на природата.
По патеката ќе може да се шета цела година, а задоволството од уживање во природата за возрасно лице во еден правец чини 15 евра.