Насер Зибери позитивен на корона, што станува со луѓето од неговиот изборен штаб


Фото: Б. Грданоски

Веста дека кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, е позитивен на корона вирусот дојде неочекувано еден ден пред гласањето. Од ДУИ велат дека Зибери денеска го добил решението дека е позитивен и дека не знаат каде се заразил додека се среќавал со многу луѓе за време на кампањата. Инкубацијата на вирусот кај Зибери може да траела неколку дена, а можеби две недели.

Оваа вест може да биде непријатна за потесното раководство на ДУИ пред утрешните избори, затоа што него за време на кампањата ги придружуваа многу луѓе на истакнати позиции во партијата. Вицепремиерот Бујар Османи, министерот за образование Арбр Адеми, потоа доскорешниот пратеник Артан Груби, носителот на ДУИ во ИЕ1, Изет Меџити… беа со него на речиси сите поважни настани за време на кампањата.

Зибери сигурно заминува во изолација, а гласањето за тие лица заврши вчера. Засега е нејасно какви решенија ќе добијат луѓето од неговиот изборен штаб, па и министрите кои беа негова главна поддршка во кампањата. Со него често беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. (Н.В.)