НАСА за празниците објави фотографија од Вселената што наликува на украсена елка


За празниците, НАСА објави пригодна фотографија од вселената на која се гледа структура која наликува на украсена елка. Се разбира, ова не е некаква вселенска елка. Космосот, би можеле да кажеме, е рамнодушен кон нашите празници. Таа има свои природни закони и не слави и не тагува за ништо.

Оваа композитна фотографија, направена од вселенскиот телескоп Чандра на НАСА, го прикажува најновиот поглед на NGC 2264, космички феномен познат и како „Кластерот на Божиќното дрво“. Тоа е збирка на млади ѕвезди во нашата галаксија кои се стари меѓу еден и пет милиони години. Овие ѕвезди се оддалечени околу 2.500 светлосни години од нас. Некои се поголеми, а некои помали од Сонцето.

Зошто оваа структура наликува на новогодишна елка?

Овој космички феномен наликува на украсена елка поради изборот на бои, слики во различни бранови должини на светлина и ротација на композитната фотографија. Сино-белите трепкачки светла се всушност млади ѕвезди кои емитуваат Х-зраци, додека зелената боја го претставува гасот во маглината.


Забележано со инфрацрвени зраци


Набљудувано во оптичка (видлива) светлина


Х-зраци

Фотографијата е ротирана во насока на стрелките на часовникот за околу 150 степени, па изгледа како врвот на „небесното дрво“ да е на врвот на сликата. Младите ѕвезди, како оние во NGC 2264, се многу нестабилни и произведуваат моќни блесоци на Х-зраци и други видови промени, видливи во различни бранови должини на светлината, пренесе Индекс.

Трепкањето на ѕвездите на оваа вселенска елка може да се види ОВДЕ

Координираните, „трепкачки“ варијации прикажани на оваа слика, сепак, се вештачки за да се нагласат локациите на ѕвездите што се гледаат на Х-зраците и да се нагласи сличноста на објектот со новогодишна елка. Во реалноста, варијациите на ѕвездите не се синхронизирани, односно „светлата“ на маглината не трепкаат толку добро како оние на украсената елка.