НАСА објави видео од слетувањето на Марс


Американската Национална воздушно-вселенска агенција (НАСА) објави видео од слетувањето на своето робот-возило „Упорност“ на Марс. Тоа е прво од ваков вид, по што мисијата на Црвената Планета започна во четвртокот.

Видеото кое трае нешто повеќе од три минути има сцени направени со неколку камери поставени на различни места на роверот, откако тој влезе во атмосферата на Марс… Но, ниту еден звук не можеше да се сними при „вртоглавото“ спуштање, како што објави НАСА.

– Ова е првпат да можеме да снимаме спуштање на Марс. Ова е навистина фантастично, изјави Мајкл Ваткинс, директор на Лабораторијата за млазен погон, каде што е изграден роверот.

Спуштањето на робот-возилото беше ризичен потфат, а местото каде што слета – кратерот Језеро, е најнесигурното кога било, каде што некое вселенско летало се обидело да слета. Роверот со шест тркала таму ќе мине најмалку две години во потрага по знаци и предзнаци на живот.

Во седиментите на подрачјето што ќе го истражува роверот, научниците ќе бараат знаци на биолошка промена. Езерото е широко 45 километри и содржи разни видови карпи, вклучувајќи глина и седиментни карпи кои можеби да содржат органски молекули што може да доведат до развој на живи организми на Марс.

„Упорност“ ќе ги спакува наодите во мали контејнери, а НАСА и Европската вселенска агенција – ЕСА имаат план тие цилиндри да ги вратат на Земјата до крајот на ова десетлетие.

Кратерот Језеро на Марс го доби своето име поради сличноста на местото каде што реката Плива, во БиХ, се влева во Пливското Језеро.