НАСА и „Боинг“ развиваат концепт на нов одржлив авион
Американската вселенска агенција НАСА се здружи со компанијата „Боинг“ во развој за „зелена“ технологија за комерцијални летови.
Двете организација ќе соработуваат во проектот Sustainable Flight Demonstrator со цел производство, тестирање и употреба на авион со еден премин со крајот на декадата, што ќе ја намали емисијата на гасови.
НАСА планира во 2028 година да го направи првиот лет со новиот експериментален авион на „Боинг“, концепт наречен Transonic Truss-Braced Wing. Долгорочно, НАСА има цел овој авион да заземе 50 отсто од комерцијалниот пазар кога станува збор за авиони со еден премин на кратки и средни релации.
Авионот е дизајниран така да има издолжена, тенки крила кои се стабилизирани со дијагонални потпирачи, а кои ги поврзуваат крилата со трупот. Експерименталниот дизајн создава помал отпор, што значи и помала потрошувачка на гориво. НАСА и „Боинг“ веруваат дека новиот дизајн може да ја намали потрошувачка на гориво и емисии до 30 отсто.
Од НАСА велат дека концептот ќе користи и други „зелени“ технологии во настојувањето да се помогне на авиоиндустријата да ја исполни својата цел на достигнување нето нулта емисија на јаглерод до 2050 година.
Причината поради која НАСА и „Боинг“ одлучија да работат на авион со еден премин е и фактот дека ваквите авиони прават отприлика половина од емисиите на авијацијата ширум светот. Авиокомпаниите во голема мерка, се потпираат на овие типови авиони за превоз на кратки и средни далечини.
Но, тоа не значи дека не се тестираат за поголеми одржливи авиони. „Ербас“ неодамна леташе со својот огромен авион A380 користејќи 100 отсто одржливо гориво. Треба да се напомене дека Airbus A380 и Boeing 747, кои се големи двоспратни авиони, повеќе не се произведуваат, а меѓу причините се помалата побарувачка и поголемите оперативни трошоци.„Боинг“ проценува дека побарувачката за авиони со еден премин ќе биде зголемена за 40.000 авиони меѓу 203 и 2050 година.