Направете напиток од овие три состојки и ќе „пукате“ од здравје


Зајакнувањето на имунитетот пред студените денови е многу важно, а ако секое утро пиете по една кафена лажичка од овој напиток, нема да размислувате за грипот.

Јајца, мед и лимон: Направете пијалок од овие три состојки и ќе пукате од здравје

За подготовка ви треба:

5 јајца
1 кг лимон
1/2 кг мед

Добро измијте ги петте цели јајца со лушпите, ставете ги во голема тегла и прелијте ги со сок од лимон.

Оставете ги да отстојат осум дена на ладно место. Потоа сè процедете низ газа (лушпата од јајцето ќе биде мека), а потоа додадете половина килограм мед во сокот. Сè добро измешајте и земајте по една кафена лажичка секое утро половина час пред јадење.