Напаѓач уби повеќе луѓе во британски Плимут


 

Вечерва, околу 19 часот, во англискиот град Плимут се случи сериозен инцидент во кој има и загинати, јавуваат британските медиуми.

„Плимут Хералд“ јавува дека над градот се видени три хеликоптери на брза помош, а на улиците многу медицински возила и уште повеќе полициски.

Според првичните информации, застрелани се пет лица, но сè уште не се знае дали се убиени или ранети.

Како што дознава Скај њуз, во пукањето се убиени повеќе лица, а убиен е и напаѓачот, за кој не се знае дали се убил сам, или го убила полицијата.

На Твитер за инцидентот се огласи парламентарниот претставник на лабуристите од тој град, Лук Полард.

„Многу загрижувачки вести доаѓаат од Плимут. Останете дома и слушајте ја полицијата“, напиша тој.

Информацијата ја потврди и полицијата, додавајќи деканеколкумина повредени завршиле во болница. Полицијата, исто така, ги замолува граѓаните да останат во своите домови.