Напад со мачета во близина на редакцијата на „Шарли Ебдо“
Утринава во Париз, кај поранешните канцеларии на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“, местото на напад од 2015 година, се случи нов напад.
Со мачета се потврдени четворица, а двајца од ранетите се во критична состојба, јавува АФП.
Меѓу повредените е вработен во продукциската куќа Première Lines, соседи на некогашните простории на сатиричниот весник и жена од компанијата Bocode. Сите се пренесени во болница.
„Тежок инцидент се случи во Париз. Нападот е извршен во 11 арондисман, пред поранешните простории на „Шарли Ебдо“, а ранети се четворица, од кои две лица потешко“, рече премиерот на Франција Жан касто.
Причините за нападот не се познати. Полицијата ги замоли граѓаните да го избегнуваат местото затоа што во тек е истрага, а надлетува и хеликоптер.
Attaque à l'arme blanche près des anciens locaux de Charlie Hebdo: le maire du 11e arrondissement invite les habitants du quartier à "rester chez eux" pic.twitter.com/tIFyRINy0W
— BFMTV (@BFMTV) September 25, 2020
„Паризиен“ јавува дека во редакцијата на „Шарли Ебдо“ пратен е пакет, кој бил анализиран од полицијата и не се работи за експлозив.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја следи ситуацијата од својата канцелараија во Елисејската палата.
Париската полиција објави дека уапсен е еден маж во крвава облека, а сѐ уште не потврдиле дали се работи за напаѓачот. Вториот осомничен е во бегство.