Накитот „Шопар“ се враќа на Канскиот црвен килим


Франција– Луксузниот швајцарски производител на часовници и накит „Шопар“ (Chopard), кој полни 20 години соработува со филмската индустрија, и годинава ќе ги „накити“ ѕвездите на 74. Канскиот фестивал што во најновата колекција „Рај“ ќе продефилираат на црвениот килим.

Како што прилега на гламурот на црвениот килим на Кроазета, „Шопар“ ќе ја претстави својата најнова колекција на скап накит на оригинален начин, преку ѕвездите на Канскиот фестивал. Колекцијата е составена од 74 парчиња инспирирани од приказната за рајот.

Актерката Џесика Честејн се враќа годинава на Канскиот филмски фестивал (кој се отвара утре и ќе трае до 17 јули), во нова улога. Двократната добитничка на Оскар е прогласена за кума на наградата  Trophée Chopard  што се доделува за млад актерски талент. Брендот стои и зад големата награда на фестивалот, посакуваната Златна палма.

Честејн,  ќе им ја додели наградата на машките и женските победници пред свечената вечера на 9 јули. Досега наградата ја освоиле Дајен Кругер, Марион Котијар, Шајлин Вудли, Ања Тејлор-Џој, Флоренс Пуг, Хајден Кристенсен, Гаел Гарсија Бернал, Џејмс Мекавој, Џо Алвин и Џон Бојега.

Во улогата на Честејн како претходни водителки на настанот се оијавиле и Кејт Бланшет, Џулијана Мур, Жилиет Бинош и Шарлиз Терон.