Највисоката планина на која нема стапнато човечка нога


 

Таа не е највисоката планина на светот, за неа не гледаме документарци на телевизија, но она што ја прави единствена е фактот дека е највисока планета на светот на која не стапнала човечка нога.

Планината Мучу Чиш е сместена на северот на Пакистан и со своите 7.456 метри над нивото на морето, е дел од планинскиот венес Каракорам. На нејзиниот врв не се вее ни едно знаме ниту се направени фотографии.

Многу планини доаѓаат во прв план тогаш кога ќе се освои нивниот врв. Слично беше и со Монт Еверест, кој го дочека моментот на слава во 1953 година, кога прв пат на него се искачи човек.

„Постои некој вид авторство за секое искачување – како писател или сликар кој ствара нешто од нула“, вели извршниот директор на Американскиот алпски институт „Џејсон Мартин“.

„Миаслам дека најголема и најинтересна работа што се однесува на првите искачувања на џиновски, зафрлени планини како оваа, на која во основа сте астронаут, е токму тоа – да се дојде до тоја место на кое се уште никој не бил. Уште еден елемент, секако, е голем предизвик, затоа што нема информации како да го направите тоа“, вели Мартин.

Уште еден азиски врв, 7.570 метри високиот Гангкар Пенсум, и понатаму е највисоката непосетена планина на Земјата, но неговото место во Бутан (каде планинарењето е забрането од 2003 година) значи дека овој врв е повлечен од планинарските експедициски планови.