Најубавата земја во светот плаќа за да се преселите на остров: Добивате пари за реновирање на куќа и живеење таму

Ирска ја обнови програмата „Нашите живи острови“, која нуди парични стимулации за преселба на еден од 23 оддалечени острови.
На крајот на јуни, ирските власти ја обновија програмата „Нашите живи острови“. Оваа иницијатива, започната во 2023 година, е предвидена да трае до 2033 година и има за цел борба против депопулацијата преку мерки како што е исплата на финансиски стимулации за луѓе кои се преселуваат на еден од 23-те ретко населени острови во земјата, објавува Блиц.
Не е потребно подносителот на барањето да биде ирски државјанин за да аплицира за стимулацијата. Сепак, заинтересираните мора да имаат право да останат во земјата, во согласност со веќе постојните правила за визи…
Меѓу достапните острови се Аран, Клер, Дарси, Иништурк, Инишбофин и Бер, меѓу другите. Вкупно, 23-те острови вклучени во програмата имале вкупно население од само 2.734 жители, според податоците од 2016 година. Овие места се познати по нивната прекрасна и рустична крајбрежна линија, а некои од нив служеле како локации за снимање на филмот номиниран за Оскар „Баншиите од Инишерин“.
Целта на програмата е да се обезбеди опстанок на „живи и одржливи заедници“ на островите. Исто така, програмата има културна и економска функција – придонесува за зачувување на културното наследство, разновидноста на локалните економии, подобрувањето на инфраструктурата и домувањето во тој дел од земјата.
Како функционира?
Финансиските стимулации се наменети за реновирање на куќите што се купени на островите. Како и со програмата „куќи за 1 евро“ во Италија и Франција, куќите на оддалечените ирски острови се во лоша состојба и бараат реновирање.
Секој бонус мора да се инвестира во станбен имот – не важи за викендички или куќи за одмор. Купувачите на недвижен имот на островите мора да се обврзат да живеат во него како нивно главно живеалиште или да го направат достапен за долгорочен изнајмување во соработка со локалните власти…
За потсетување, тимот на порталот DiscoverCars.com спроведе истражување за да ги открие најубавите дестинации низ целиот свет. Според тоа истражување, Ирска го освои првото место, со просечен резултат од 9,52 од 10 од меѓународните посетители.