Најстудено утрово во Берово, дневната температура денеска од 22 до 29 степени


Најстудено утрово е во Берово со измерени 2 степена. Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурата во Лазарополе утрово е 4 степени, 6 во Крива Паланка, Маврови Анови и Струмица.

Седум степени се измерени на Попова Шапка, Скопје-Петровец, Битола и Штип, 8 степени во Куманово, Тетово, Демир Капија, Прилеп и Велес, 9 во Крушево, Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Гевгелија, 10 степени во Виница, Кавадарци и во Претор.

-Во текот на ноќта преовладуваше ведро време со мала облачност на југозападот. Утринава е свежо, претежно тивко и сончево. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Максималната температура денеска ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со максимална температура до 27 степени.