Најсочното пилешко на турски начин: Идеја за ручек која често ќе ја правите (Видео)


Пилешкото месо е секогаш добро решение за брз ручек, а овој рецепт за пилешко во бел сос сигурно ќе ве задоволи.

Турската кујна е многу популарна на нашите простори, што најмногу важи за домашните печива, но и месните јадења кои се служат за ручек често се инспирација за главното јадење.

Еден таков рецепт кој можеби ќе ви се допадне е сочното пилешко во бел сос печено со рендан кашкавал.

Покрај пилешкото месо и кашкавалот, главни „ѕвезди“ на ова јадење се и зачините, кои му даваат уникатен и божествен вкус.

Состојки:

500 гр пилешко
сол по вкус
1 лажица мелена пиперка
1 лажица чили во прав
1 лажица кумин
половина лажичка бибер
1 лажичка издробен лук
2 лажички доматна паста
1 лажичка оцет
половина чаша јогурт
1 лажица масло

За бел сос:

1-2 лажици путер
1 лажица брашно
1,5 чаши млеко
сол по вкус
1/4 лажичка бибер
1/4 лажичка оригано
1/2 лажичка магдонос
кашкавал по вкус
коријандер по вкус

Подготовка:

Додадете го пилешкото месо без коски во тавата, а потоа додадете сол, мелен и чили пипер, кумин, бибер, лук, доматна паста, оцет и јогурт и сè добро измешајте. Оставете да отстои час или два.
Во тавата сипете една лажица масло и кога ќе се загрее додадете ја оваа смеса и пржете на висока температура до две минути со мешање. Потоа намалете ја на тивок оган, поклопете и динстајте додека пилешкото да биде готово, а потоа исклучете го шпоретот.
За белиот сос ставете го путерот во тенџере, стопете го и додадете го брашното и мешајте на средна температура околу една минута. Потоа се става млекото и енергично се меша, па се посолува и бибер, па се додава ориганото и магдоносот и се меша додека не се згусне колку што сакате.
Пилешкото префрлете го во длабока тава, прелијте го со белиот сос, а одозгора изрендајте го кашкавалот по желба и додадете го коријандерот. Покријте и динстајте на тивок оган додека да се растопи кашкавалот.