Најсочните кременадли досега


Вака подготвени, можете да ги подготвите и во тава и на скара.

Потребно е:

1 кг кременадли од вратот
50 мл маслиново масло
сол и суви зачини
1 лажичка мед
2 лажички сенф
малку рузмарин
оригано

Подготовка:

Кременадлите благо да се исчукаат и малку да се посолат. Истурете маслиново масло во сад, додадете зачини, мед, сенф, рузмарин и оригано се добро измешајте и секоја кременадла премачкајте ја со маринадата. Потоа повторно измешајте сè и покријте.

Оставете еден час месото добро да ги впие зачините. Скара. Скарата може да биде на јаглен, електрична или тефлонска тава.