Најсмешните шеги за Чак Норис
Чак Норис е американски актер и боречки уметник кој со текот на времето е овековечен со серија шеги и мемиња. Ако некој каже шега за Чак Норис во шумата, а тој не е наоколу да ја слушне, дали таа личност сепак ќе умре од рацете на Чак? Да. Чак Норис слуша сè.
Во знак на одбележувањето на неговата долга кариера и натчовечки борбени вештини, еве ја листата на топ 40 шеги за Чак Норис кои ќе ве „погодат“ во стомакот, пишува „Старс инсајдер“.
За стравовите
Кога бугимен (имагинарен злобен лик со натприродни сили, кој ги плаши непослушните деца, заб.) оди да спие секоја вечер, тој го проверува својот плакар дали во него е Чак Норис.
За коцкањето
Чак Норис играл руски рулет со целосно наполнет пиштол. И победи.
За вселената
Вселената постои затоа што се плаши да биде на истата планета како Чак Норис.
За пижамите
Некои луѓе носат пижами со ликот на Супермен. Супермен носи пижами со ликот на Чак Норис.
За спиењето
Чак Норис не спие. Тој чека.
За интернетот
Чак Норис никогаш не може да пополни онлајн формулар, бидејќи никогаш нема да го поднесе.
За телевизијата
Чак Норис моментално го тужи „Ен-Би-Си“ (NBC), тврдејќи дека „Закон и ред“ (Law and Order) се заштитени имиња за неговата лева и десна нога.
За умирањето
Чак Норис почина пред 20 години. Смртта едноставно не собрала храброст да му каже.
За е-поштата
Е-поштата на Чак Норис: [email protected]
За „Каде е Валдо“
Чак Норис е причината поради која Валдо се крие.
На појадок
Чак Норис си го меле кафето со заби и си ја врие водата од бес.
За бројките
Чак Норис броел до бесконечност – двапати.
За гранати
Чак Норис фрли граната и уби 50 луѓе. И тогаш гранатата експлодираше.
За изумирањето
Диносаурусите еднаш го преминаа Чак Норис. Еднаш.
За влакната на лицето
Зад брадата на Чак Норис нема брада. Има само уште една тупаница.
За оружјето
Пиштолите го носат Чак Норис за заштита.
За вежбањето
Кога Чак Норис прави склекови, тој не се крева себеси, туку ја турка Земјата надолу.
За енергетските пијалоци
Чак Норис неодамна имаше идеја да ја продаде својата урина како конзервиран пијалок – се вика Ред Бул.
За покерот
Раката на Чак Норис е единствената рака што може да го победи кралскиот флеш.
За кампувањето
Духови седат околу логорскиот оган и раскажуваат приказни за Чак Норис.
За патување низ времето
Ако, по некој парадокс во просторно-временскиот континуум, Чак Норис некогаш се бори сам со себе, тој би победил.
За климатските промени
Не постои такво нешто како глобално затоплување. На Чак Норис му беше ладно, па го вклучи сонцето.
За географијата
Порано имаше улица именувана по Чак Норис, но таа беше сменета бидејќи никој не го поминува Чак Норис и живее.
За религијата
Исус може да оди по вода, Чак Норис може да плива низ копно.
За стравовите
Стравот од пајаци се нарекува арахнофобија, стравот од тесни простори се нарекува клаустрофобија, стравот од Чак Норис се нарекува логика.
За времето
Чак Норис не носи часовник, ТОЈ одлучува колку е часот.
За телефонските повици
Чак Норис не повикува погрешен број, вие одговарате на погрешен телефон.
За вратите
Чак Норис може да тресна ротирачка врата.
За бањата
Чак Норис не пушта вода во тоалетот, туку го плаши од него.
За оганот
Чак Норис може да запали оган со триење на две коцки мраз.
За бактериите
Водечките средства за дезинфекција на рацете тврдат дека можат да убијат 99,9% од бактериите. Чак Норис може да убие 100% од што сака.
За студот
Чак Норис не добива смрзнатини. Чак Норис гризе мраз.
За плачењето
Солзите на Чак Норис можат да излечат рак. Никогаш не плачел.
За ѕидовите
Кинескиот ѕид првично беше создаден за да го задржи Чак Норис надвор. Мизерно не успеа.
За потењето
Чак Норис је поти правдата.
За маргаринот
Чак Норис МОЖЕ да верува дека тоа не е путер.
За внатрешниот дизајн
Чак Норис има тепих со гризли во својата соба. Не е мртов, само се плаши да се движи
За еволуцијата
Не постои теорија за еволуција. Само список на суштества на кои Чак Норис дозволил да живеат.
За Марс
Чак Норис бил на Марс. Затоа нема знаци на живот.
За раѓањето
Кога се роди Чак Норис, единствената личност која плачеше беше докторот.