Најскапата пица во светот чини над 10.000 евра
Италија– Најскапата пица во светот чини повеќе од 10.000 евра и се прави во Италија… Може да се нарача во крајбрежниот град Салерно.
Пицата е наречена „Луј Тринаесетти“, а рецептот е на готвачот Ренато Виола. Дијаметарот на порцијата е 20 сантиметри, а направена е од специјални состојки… Тестото се прави со органско брашно Арабија и се посипува со розова сол од реката Мареј во југоисточна Австралија. Потоа се додаваат три вида кавијар – „Осиетра ројал престиж“, „Каспија осиетра ројал класик“ од Иран, „Каспија белуга“ и седум вида сирење.
За да се подготви оваа пица потребни се 72 часа.
– Се разбира, има и други состојки. Најскапи се јастозите прекриени со коњак „Луј Тринаесетти“, којшто пак, вообичаено тешко се наоѓа на пазарот, вели Виола.
„Луј Тринаесетти“ се служи со шампањ „Круг кло ду меснил“ или со ликер „Карта реал санчез ромат финос“.