Најпознатиот скопски јутјубер Марко-GP се збогуваше со фановите


Најуспешниот македонски јутјубер Марко Марковиќ, познат под псевдонимот GP, се збогуваше со фановите.

Како што соопшти тој самиот, време е за ново поглавје од неговиот живот.

22-годишниот скопјанец реши дека е време да стави крај на неговата кариера на Јутјуб и да се посвети на програмирањето за што и студира.

GP е ултра познат меѓу младите, со оглед дека цела деценија е присутен на Јутјуб сцената и има речиси 260.000 претплатници на неговиот канал. Сепак, тој во последното видео се пожали и на лошата страна на популарноста.

-Благодарение на Јутјуб, цело време се спојувам со погрешни личности. Мислам дека не запознав ниту еден асален човек преку Јутјуб. Кај 99 отсто од луѓето коишто се во овој бизнис има многу лицемерие, многу зборување позади грб, многу љубомора, многу алчност за пари, вели Марко.

Инаку, Марко е студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и ја завршува последната година од студиите.