Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала


ајмалку две лица загинаа во серијата земјотреси што синоќа се регистрирани во Гватемала.

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Гватемала, со епицентар на околу 60 километри од главниот град. Потоа уследија серија земјотреси со магнитуда од 3,9 до 5,6 степени според Рихтер.

Земјотресите предизвикаа и материјална штета, што дополнително ќе се проценува.