Најмалку 50 жртви во експлозија на цистерна на Хаити

Најмалку 50 луѓе загинаа во експлозија на цистерна во вторникот рано наутро во Кеп Хаитиен, на Хаити, а поголем број луѓе се повредени, соопштија властите.
„На местото на несреќата видов меѓу 50 и 54 изгоренитела. Невозможно е да се идентификуваат“, рече заменикот-градоначалник, Патрик Алмонор.
Дваесетина околни згради се запалиле поради експлозијата, додаде Алмонор, кој вели дека бројот на жртвите може да биде поголем.
„Уште не можеме да кажеме детали за бројот на жртвите во куќите“, додаде.
Во земјата има недостаток на гориво поради контрола на бандите на тој дел од снабдуваќкиот синџир.