Најмалку 16 жртви во пожар во Кина
Најмалку 16 лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, јавија државните медиуми.
Пожарот избувнал во 14-катница во високотехнолошката зона на градот Зигонг, обвивајќи ја околината со густ чад, јави новинската агенција Синхуа.
Пожарот бил изгаснат во раните утрински часови, јави кинеската државна телевизија ЦЦТВ.
Прелиминарната истрага покажа дека пожарот настанал од градежни работи, а во тек е натамошна истрага за утврдување на точната причина за пожарот.