Најголем број новозаразени во Русија од февруари наваму


 

Русија јави дека денеска има нови 11.699 заразени со корона вирус, што е најголем дневен број од крајот на февруари досега, а вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата изнесува 5.167.949.

Владината работна група за корона вирус соопшти дека починале 383 лица, што го зголеми бројот на жртви од вирусот на 125.278.

Сојузната агенција за статистика пак, се задржа на своите податоци и вели дека во Русија се забележани 270.000 смртни случаи поврзани со ковид-19 меѓу април 2020 и април 2021 година, пренесува Ројтерс.